ВИДЕО| Неуспешен противнапад во Курск, Русите паднаа во сопствена стапица
Цел на нападот било селото Плехово, на јужниот дел од регионот кој се нбаоѓа под украинска окупација. Нападот не само што беше неуспешен, туку и не успеал на речиси неверојатно ироничен начин. Руската колона се заглавила во противтенковски стапици (ровови и редови бетонски бариери) што самите Руси ги направиле пред украинската инвазија на Курск.
Надвор од селото има две одбранбени структури изградени од Русите: противтенковски стапици и блискиот комплекс на пешадиски ровови. Додека Русите се мачеле да ги пробијат противтенковските замки, 129-та бригада за територијална одбрана на Украина испрати експлозивни беспилотни летала кон нив.
129th TDF.
Large russian mechanized attack near Plekhovo, S-E of Sudzha, Kursk.https://t.co/AfOOnOWe8o pic.twitter.com/MJNMlnOXyJ— imi (m) (@moklasen) September 29, 2024
Влегување во сопствената стапица
Фортификациската одбрана направена од руската армија која помогна да се оневозможи последниот руски напад можеше да биде сериозна пречка и за украинската инвазија. Податоците на руските разузнавачки служби покажуваат дека одбраната кај селото се состоела од неколку водови и најмалку една чета, вкупно околу неколку стотици војници.
Сепак, тие беа фатени од изненадувачки напад на Украина на 6 август и не успеаја да го распоредат своето значително вооружување пред да бидат нападнати од украинските механизирани сили.
Така, противтенковски стапици и ровови паднаа под контрола на Украина. За разлика од Русите, украинските војници од 129-та бригада за територијална одбрана очекуваа контранапад и беа подготвени за тоа.
Треба да се пофалат руските инженери кои ја изградија одбраната околу Плехово: тие го постигнаа она што им беше потребно, односно го забавија нападот на непријателот доволно долго за бранителите да го користат своето најдобро оружје. Оваа информација, сепак, е мала утеха за Русите кои се заглавени во сопствената стапица.