ВИДЕО: Нека биде така и в недела, имаме две домашни победи против Исланѓаните

македонија исланд
Последниот триумф над Исланд го имавме во Скопје пред 12 години/Фото: EPA/VALDRIN XHEMAJ

В недела од 18.00 часот на Националната арена „Тодор Проески“ – Скопје македонската А репрезентација против Исланд ќе го игра својот последен натпревар од квалификациите за пласман на Светското првенство.

Селекторот на нашата сениорска селекција е свесен за огромната шанса за баражот која ја имаат неговите играчи, според него само со ладни глави и жешки срца може да се оствари целта.

Петпати досега сме се сретнале против Исланѓаните, имаме учинок од две победи, двапати ремизиравме и еден пораз пред 13 години.

Сите мечеви биле во рамките од квалификациите за пласман на СП, пред само два месеци (5 септември 2021 год.) во Рејкјавик во тековниот квалификациски циклус ремизиравме 2:2, иако имавме предност од 0:2.

Двете победи ги имаме токму на домашен терен и се надеваме така ќе биде и в недела. Првиот триумф беше на 7 јуни 1997 година кога славевме со голот на Ѓорѓи Христов во 54 минута од средбата.

А втората победа беше на 10 јуни 2009 година кога бевме подобри со 2:0. Стрелци на погодоците беа Ацо Стојков во 10 и Филип Ивановски во 86 минута.

Квалификации за СП

1 јуни 1996 Исланд – Македонија 1:1
7 јуни 1997 Македонија – Исланд 1:0
15 октомври 2008 Исланд – Македонија 1:0
10 јуни 2009 Македонија – Исланд 2:0
5 септември 2021 Исланд – Македонија 2:2
14 ноември 2021 Македонија – Исланд ?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот