ВИДЕО: „Недисциплинираниот“ Рашфорд му донесе победа на Манчестер јунајтед

фото: EPA-EFE/PETER POWELL .

Фудбалерите на Манчестер јунајтед со победа ја завршија 2022 година. Во натпреварот од 18 коло на Премиер лигата, Јунајтед славеше на гостувањето кај Вулверхемптон, со резултат 1:0 (0:0).

Маркус Рашфорд, кој влезе во игра на почетокот на вториот дел, го постигна единствениот гол на мечот во 76 минута по асистенцијата на Бруно Фернандеш, иако всушност по тоа додавање Рашфорд направи одличен пробив, а по неговиот удар, домашниот голман беше немоќен.

Вториот пат Рашфорд ја погоди мрежата неполни осум минути подоцна, но овој гол беше поништен по интервенција од ВАР собата поради играње со рака.

Рашфорд, инаку, натпреварот го започна на клупата за резерви, како што беше објаснето „поради недисциплина“.

Од клубот не коментираат повеќе за оваа ситуација, менаџерот на „црвените ѓаволи“, Ерик тен Хаг само рече дека тоа се клупските правила и дека нема да се дискутира понатаму.

Јунајтед сега има 32 бода од 16 натпревари на четвртото место на табелата, Вулвси се 18 позиција со 13 бодови од 18 меча.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот