ВИДЕО | Неделков: Второто полугодие да продолжи со онлајн настава – здравјето треба да е приоритет

Јаким Неделков, претседател на СОНК/Фото: Слободен печат

Наставата со физичко присуство ќе го загрози здравјето на учениците и наставниците, сметаат од Синдикатот за образование, наука и култура. Претседателот, Јаким Неделков е против владината одлука.

-Ние како СОНК се обидуваме будно да ги следиме и превенираме состојбите што се однесува до здравствената пандемија. Уште од март активно се вклучивме во изнаоѓање на најсоодветни решенија како да заврши таа учебна година, со онлајн настава која што за волја на вистината до тој момент многу малку се користеше во Македонија. Тогаш професорите и наставниците ја организираа наставата така како што знаеа и умееја, но со текот на времето имаше национална стратегија како да се одвива наставата, изјави за Утрински брифинг Јаким Неделков, претседател на СОНК.

Тој упати апел до Владата и МОН да се почитува нивното барање за онлајн настава:

-Со оглед на бројките на заразени и починати кои што одат во нагорна линија, ние апелираме до надлежните здравствени работници, до Владата која што носи одлуки, до Министерството за образование и наука да се преземат соодветни мерки, односно да се предложи второто полугодие да продолжи со онлајн настава, потенцира Неделков.

Од Синдикатот се свесни дека понискиот квалитет на онлајн наставата, но сметаат дека треба да се води сметка за здравјето на учениците.

-Ние сме свесни дека наставата со физичко присуство има поголем квалитет, но ако гледаме што е поприоритено во овој момент дали здравјето на учениците и вработените во училиштата или квалитетна настава, секако дека ќе се одлучуваме дека здравјето и безбедноста и на вработените и на учениците е приоритет.  Без разлика дали е пандемија или друга болест има правила на игра, односно Закони кои треба да се почитуваат. Законот за безбедност и здравје нормира на колкава температура работниците можат да работат. Работодавачот мора да обезбеди услови за работа. На вакви минусни температури, со отворени прозорци, тоа е неприфатливо. Затоа апелирам до надлежните да водат сметка на која температура се работи, вели Неделков.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот