ВИДЕО | Научниците создадоа детектор кој може да открие коронавирус во воздухот за пет минути

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Ако некогаш сте помислиле дека би било одлично да влезете во соба и да знаете дали во воздухот има коронавирус, научниците создадоа апарат за вас. Апаратот е малку поголем од тостер што може да открие коронавирус во воздухот за неколку минути, пренесува „Саенсњуз“ (Sciencenews).

Потребни се само пет минути за да се детектираат од седум до 35 вирусни честички на литар воздух, објавија истражувачите на 10 јули во „Нејчр комјуникејшнс“ (Nature Communications). Тоа е исто толку чувствително како и ПСР тестовите со назален брис, вели Рајан Чакрабарти, научник за аеросоли од Универзитетот Вашингтон во Сент Луис. Неговиот тим работел три години за да го создаде детекторот, вели тој.

Еден од главните предизвици при земање примероци од вируси во воздухот е собирање доволно воздух за да се концентрираат вирусните честички на забележливи нивоа. Претходните обиди вшмукуваа помеѓу 2 и 8 литри воздух во минута. Овој детектор повлекува 1.000 литри воздух секоја минута.

– За да го заробиме вирусот, ние создаваме вештачки циклон во внатрешноста на семплерот – вели Чакрабарти.

Вирусите се заробуваат во ѕидот на циклонот и се концентрираат за анализа. Сите вируси кои не се заробени во течноста се филтрираат од воздухот со ХЕПА филтер прикачен на детекторот. По пет минути собирање, течноста се пумпа до биосензор.

Биосензорот се базира на детектор за фрагменти од амилоид-бета протеин кои формираат плаки од Алцхајмерова болест, развиен од колегите на Чакрабарти, Карла Јуеде и Џон Сирито.

За да го тестираат детекторот, истражувачите го испратиле апаратот во становите на две лица биле заразени со коронавирус.

– Апаратот детектираше дури и траги од вирусот што ги исфрлаат пациентите – рекол Чакрабарти. Воздухот собран од празна, добро проветрена конференциска сала не покажал знаци на вирус.

Постојат уште некои предизвици што треба да се надминат. На пример, апаратот е толку бучен како правосмукалка или телефон што ѕвони. Тоа е веројатно премногу гласно за постојано да се користи во училница или канцеларија, но може да се толерира ако работи 10 минути.

Таквите детектори чинат околу 1.400 до 1.900 долари за да се изградат во истражувачка лабораторија, вели Чакрабарти. Комерцијалните верзии првично може да бидат премногу скапи за домашна употреба, но може да се користат во болници, аеродроми и други јавни површини за истражување за вирусот.

Во иднина, Чакрабарти се надева дека ќе додаде антитела од алама кои ќе можат да детектираат и други респираторни вируси, како што се грип или респираторен синцицијален вирус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот