ВИДЕО | Настап каков што НБА не памети: Лук Кенард од Мемфис испиша историја

Фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Кошаркарот на Мемфис, Лук Кенард постави неколку рекорди во натпреварот против Хјустон.

Мемфис убедливо славеше против Хјустон на свој терен со 151:114, а по овој натпревар најмногу се зборува за фантастичниот настап на Кенард. Кошаркарот на Мемфис постигна 30 поени, но посебно импресивен е начинот на кој стигна до оваа бројка.

Кенард постигна десет тројки за само 24 минути поминати на паркетот и тоа го направи од 11 обиди, само еднаш не беше прецизен. Со ваквиот настап сруши неколку рекорд, пред се на франшизата и неговиот личен по бројот на погодени шутеви од дистанца во еден натпревар.

Покрај тоа Кенард стана првиот играч во НБА лигата кој постигнал 10 или повеќе тројки, имаше прецизност повеќе од 90%. Пред него Клеј Томпсон и Тај Ласон успеаа да постигнат 10 тројки со процент од 90% или повеќе, но Кенард никој не го направи тоа за само 24 минути.

За крај треба да се додаде и дека Мемфис со овој триумф го обезбеди пласманот во плеј-офот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот