ВИДЕО | Наскоро документарен филм за холивудски актер Арми Хамер обвинет за силување и канибализам

Арми Хамер
Арми Хамер / Фото: EPA-EFE / Принтскрин/ИМДБ

Пред приближно две години актерот Арми Хамер се најде во центарот на скандал кога неколку жени го обвинија дека им испраќа вознемирувачки пораки со бројни сексуални референци на канибалистички чинови.

Приказната за овој шокантен скандал кој ја потресе американската и светската јавност ќе се емитува на „Discovery+“ на 2 септември.

Profimedia
Арми Хамер / Фото: Profimedia

Документарниот филм во три дела „House of Hammer“ ќе се осврне на емоционалното злоставување, манипулација и сексуално насилство на Арми Хамер врз неговите поранешни партнерки.

Во документарецот ќе се открие дека неговите канибалистички фантазии и сексуални фетиши не се случајни, туку резултат на барем нефункционална семејна ситуација.

Да потсетиме, неговата поранешна девојка Кортни Вучековиќ, откако се огласи жена која сакаше да остане анонимна, изјави дека актерот често ѝ кажувал кој дел од телото би сакал да ѝ го изеде.

„Ми рече дека сака да ми го скрши реброто, да го испече и да го изеде“, кажа тогаш во ексклузивното интервју за „PageSix“, 30-годишната директорка на компанијата „Flashhd“ од Далас.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Page Six (@pagesix)

По сите случувања, актерот Арми Хамер се пријавил на лекување. Тој побарал помош поради проблемите со дрогата, алкохолот и сексот, но ги отфрлил наводите за канибализам.

 

Повеќе написи на темата:

 

ФОТО | Холивудскиот актер во центар на скандал: Се појавија негови експлицитни пораки за сексуален канибализам

 

По ужасните скандали, Арми Хамер оди на рехабилитација

 

Совршено изопачени: Семејството на Арми Хамер со генерации е вплеткано во перверзии, корупција и убиства

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот