По ужасните скандали, Арми Хамер оди на рехабилитација

epa-efe
Фото: EPA/CLEMENS BILAN

Актерот Арми Хамер се пријавил во центар за лечење и рехабилитација во Флорида поради зависност од дрога, алкохол и секс, неколку месеци откако светот беше шокиран од вестите дека ја силувал и малтретирал неговата поранешна девојка.

Хамер наводно ѝ се јавил на поранешната сопруга Елизабет Чејмбрс на крајот од мај да ѝ каже дека е спремен да побара помош и ѝ ветил дека ќе остане во центарот за рехабилитација во Флорида колку што е потребно, пренесува „Vanity Fair“.

По скандалот со канибализам: Елизабет Чемберс, поранешната сопруга на Арми Хамер сака само нормален живот

„Хамер на 31 мај се пријави во центарот за лечење и рехабилитација во Флорида со поддршката на своето семејство и Елизабет Чејмбрс. Таму е веќе недела дена“, тврди неименуваниот извор.

Инаку, парот во јуни минатата година сподели со јавноста дека ќе се разделат по 10 години брак.

„Ова е знак дека ја презема контролата врз сопствениот живот и ова е првиот чекор за неговото идно добро“, посочи близок пријател на актерот.

Проблемите со актерот започнаа во јануари 2021 година кога неколку поранешни девојки го обвинија за силување, психичко малтретирање и канибалистички мисли. Полицијата во Лос Анџелес на 3 февруари почнала да го истражува овој случај, а во меѓувреме актерот бил отпуштен од неговата агенција и неколку проекти беа откажани поради скандалот.

Совршено изопачени: Семејството на Арми Хамер со генерации е вплеткано во перверзии, корупција и убиства

На 18 март жена со име Ефи заедно со адвокатката Глориа Алред одржа прес-конференција на апликацијата „Зум“, во која го обвини актерот за „насилно силување“, напад кој наводно се случил во 2017 година и траел повеќе од 4 часа.

„Постојано ми ја удираше главата од ѕид, правејќи модрици на моето лице. Ми причини многу насилство на кое не се согласив. На пример, ми ги удираше стапалата со камшик за да ме боли секој чекор што ќе го направам. Во времетраењето на тие неколку часа се обидов да избегам, но тој не ми дозволуваше. Мислев дека ќе ме убие“, изјави низ солзи жената. Адвокатката Алдред не го објави името на клиентката по завршувањето на прес-конференцијата.

„Кореспонденцијата помеѓу Ефи и г-динот Хамер ги омаловажува и негира овие безобразни обвинувања. На 18 јули 2020 година, таа му испратила на г-гин Хамер пораки со сексуални конотации во кои му објаснува што сака да ѝ прави“, рече Бретлер, адвокатот на Хамер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот