ВИДЕО: На кобниот лет од Џакарта загина мајка со двете деца: Збогум, семејство. Сега одиме дома!

На социјалните мрежи се појавија потресни последни пораки на патници од авионот кој се урна кај Џакарта само неколку минути по полетувањето.

Рати Винданија објави селфи со своите деца откако тие влегоа во авионот.

“Збогум, семејство. Сега одиме дома”, напиша таа.

Нејзиниот брат Ирфансијах Ријанто изјави дека семејството првично имало намера да оди со друг авион, но во последен момент го смениле планот. Неговата сестра и нејзините две деца се враќале од тринеделен одмор, пишува Дејли Меил.

“Ги возев до аеродромот, им помогнав со багажот и чекирањето. Сè уште не можам да верувам дека се случи такво нешто”, рече Ирфансијах.

Си-Ен-Ен пишува дека Рати Винданија била во четвртиот месец од бременоста и во авионот била со нејзината двегодишна ќерка Јумна, осумгодишниот внук Атар Риски Ријаван, чичкото Тони Исмаил и тетката Рахмавати.

„Навистина сакам да летам“

Братот на копилотот Диего Мамахит предал примерок од крв на полицијата за да помогне во идентификацијата.

“Верувам дека мојот помлад брат преживеа, ова е само формалност. Диего е добар човек, ние сè уште веруваме дека преживеал”, рече Крис Мамахит.

Диего на својот профил на Линкедин напиша: „Навистина сакам да летам“.

„Ми се јави преку ВатсАп, се смееше“, рече тој.

Панка Видија Нурсанти, наставничка во средно училиште во Понтијанак, се враќаше по одморот во родниот град Тегал. Нејзиниот сопруг Рафик Јусуф Ал Идрус раскажа како изгледал последниот разговор со неа.

“Се шегував и реков дека ќе јадеме нешто заедно кога ќе се врати во Понтианак. Ми се јави преку ВатсАп, се смееше. Таа веќе се качи на авионот и рече дека временските услови не се многу добри. Јас и реков да се моли”, рече Јусуф Ал Идрус.

Спасувачките екипи пронашле делови од тела и делови од авионот во морето. Во авионот имаше 56 патници и шест члена на екипажот, вкупно 62 лица.

Боингот Б737-500 вчера недолго по полетувањето од Џакарта го загуби контактот со контролата на летање и исчезна од радарот. Се урна во океанот меѓу островите Лаки и Ланцанг, недалеку од Џакарта. Локалните жители рекоа дека слушнале две експлозии.

Соерјанто Тјаханто, шеф на Индонезиската агенција за безбедност во сообраќајот, изјави дека властите на море пронашле две црни кутии, а нуркачите сега се обидуваат да стигнат до нив.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот