ВИДЕО: Mоже и без Левандовски, Баерн пред нова титула!
Денеска во дербито од 27 коло во најсилното германско првенство составот на Баерн Минхен славеше на гостувањето кај Лајпциг со резултат 0:1.
Со оваа 20 победа сезонава баварскиот гигант сега има седум бодови предност во однос на второпласираниот Лајпциг.
Победата за Баерн (во чии редови не е најдобриот стрелец Роберт Левандовски поради повреда) ја донесе германскиот репрезентативец Леон Горецка во 38 минута после асистенцијата на Милер.
Борусија Дортмунд ги разочара своите навивачи со домашниот пораз од Ајнтрахт Франфурт (1:2). Шулц си постигна автогол во 11 минута за предност на Ајнтрахт, израмнија „милионерите“ со погодокот на Хумелс (45`), а Силва во самиот финиш ја затресе мрежата на Хиц.
Во другите мечеви од рундата во Бундеслигата: Аугсбург-Хофенхајм 2:1, Баер Леверкузен-Шалке 2:1, Мајнц-Арминија Билефилд 1:1 и Волфсбург-Келн 1:0.