фото/EPA/GREG M. COOPER

Кимих двапати го молел Горецка да шутира пенал против Парагвај, но тој одбил

Германија загуби од Парагвај по пенал-серија и ја заврши својата приказна на Мундијалот 2026. Според извештај на „Билд“, пренесен од „MiaSanMia“, Германија имала сериозни проблеми да одреди кој ќе го изведе следниот пенал кога резултатот во пенал-серијата беше 3-3.

Во моментите кога повеќе играчи се двоумеле, стоперот на Германија и Баерн, Јонатан Тах,  ја презеде одговорноста. Но, сепак, Тах промаши.

„При резултат 3-3 во пенал-серијата, по одбраната на Мануел Нојер, настанале потешкотии да се пронајде шестиот изведувач. Леон Горецка, Валдемар Антон, Натаниел Браун и Малик Тијау се двоумеле и ја избегнувале одговорноста поради огромниот притисок. Јонатан Тах, кој никогаш претходно во кариерата не извел пенал, се пријавил и промаши.“

Извештајот додава дека Јошуа Кимих двапати му пришол на Горецка и го убедувал да го изведе пеналот, но играчот од средниот ред одбил.

Изведувањето пенали на големи натпреварувања секогаш носи огромен притисок, а ситуацијата со Леон Горецка повторно го отвори прашањето: кој треба да ја преземе одговорноста во клучни моменти? Случајот со германскиот репрезентативец покажува дека не е секогаш пресудна техничката умешност, туку менталната цврстина и самодовербата.

Ако играчот не се чувствува сигурен, ризикот од промашување драстично се зголемува, без разлика дали станува збор за Горецка или за некој друг. Не станува збор за индивидуална вина, туку за колективен проблем. Пеналите се психолошка битка, а не само техничка дисциплина.

Многумина ќе го осудат Горецка, но од негова перспектива, одлуката е тешка: цела Германија би очекувала да постигне гол, но ако промаши ќе биде преплавен со критики и навреди, особено во ерата на социјалните мрежи.

Сите спортисти не се создадени за вакви моменти. За да се издржи притисокот во такви ситуации, потребна е исклучителна ментална сила и подготвеност да се преземе одговорноста. Ако тоа недостасува, подобро е шансата да ја добие некој друг.

ВИДЕО | Мундијалски вести: Парагвај ја испрати Германија дома, „лавовите од Атласот“ ги овенаа „лалињата“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот