Јапонската репрезентација со емотивен гест им се извини на навивачите по поразот од Бразил
Проклетството на Јапонија во нокаут-фазата на Светските првенства продолжува. „Самураите“ петпати во своите осум настапи на Мундијалите успеаја да се пласираат во нокаут-фазата, но сè уште немаат победа во елиминациските натпревари. Во 2002 загубија од Турција со 1-0, во 2010 беа елиминирани од Парагвај по пенали, во 2018 иако имаа предност со 2-0 против Белгија, загубија во судиското продолжение со 3-2, а во 2022 Хрватска ги елиминираше по пенал-серијата.
Препорачано
View this post on Instagram
Многу Јапонци се надеваа дека токму на овој Мундијал ќе стигнат до првата победа во нокаут-фазата, но повторно, по пресврт загубија, сега од Бразил (1-2). По последниот судиски свиреж, селекторот Хаџиме Моријасу ги собра своите фудбалери на средината на теренот и им одржа краток, но емотивен говор. Потоа целата репрезентација се упати кон трибината каде што беа сместени јапонските навивачи.
View this post on Instagram
Пред нив, селекторот длабоко се поклони во знак на благодарност и извинување, а истиот гест го повторија и сите играчи. Навивачите возвратија со силен аплауз, со што покажаа дека го ценат трудот и пожртвуваноста на репрезентацијата во текот на турнирот. Снимката од овој момент брзо стана вирална и предизвика бројни позитивни реакции од љубителите на фудбалот.
Los jugadores de Japón agradeciendo a todos los japoneses su apoyo ❤️🩹❤️🩹❤️🩹 pic.twitter.com/Ur7MZbxzSt
— Iván (@IvaanBlanco26) June 29, 2026
Кимих двапати го молел Горецка да шутира пенал против Парагвај, но тој одбил


