ВИДЕО | Моментот на големата експлозија на автопатот кај Воронеж
По вооружениот бунт на руските платеници Вагнер, руските локални власти сега објавија дека има борби во областа Воронеж на југозападот на земјата, додека во истоимениот регионален главен град гори складиште за нафта, јавуваат агенциите.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
„Во рамките на антитерористичката операција, вооружените сили на Руската Федерација ги спроведуваат неопходните оперативни борбени мерки на територијата на регионот Воронеж“, напиша гувернерот Александар Гушев на Телеграм. „Ќе продолжам да давам информации како што се развива ситуацијата.
Гушев не напиша експлицитно против кого се бори војската во Воронеж. Сепак, претходно имаше непотврдени информации дека бунтовничките борци на Вагнер зазеле некои воени објекти во тој регион, пренесува ДПА.
Воронеж, истоимениот регионален центар, е на околу 470 километри од руската престолнина Москва, или на половина пат до Москва од Ростов на Дон, каде Вагнер веќе ги окупираше воените постројки. Во Воронеж – како и во главниот град Москва и поширокиот московски регион – изутрината беше прогласена антитерористичка вонредна состојба.
Гусев, исто така, објави дека службите за итни случаи се обидуваат да изгаснат запален резервоар за гориво во складиште за нафта. На терен се повеќе од 100 пожарникари и 30 противпожарни возила, изјави Гусев на Телеграм, пренесува Ројтерс.
/1. As claimed, by Russian media, strike on trucks somewhere in Voronezh region. Passenger and driver said to have died. Equipment that looks like a military one is visible. Perhaps it was the target but strike was not delivered accurately. pic.twitter.com/8DO3zKDzIj
— Special Kherson Cat ??? (@bayraktar_1love) June 24, 2023
На социјалните мрежи се појави видео од експлозија на автопатот кај Воронеж. Станува збор за автопат кој претходно наводно од воздух бил цел на руската армија.


