Експлозија во Ростов/Фото: Икс

ВИДЕО | Моментот кога украински дрон „експлодира“ во комплекс згради во Ростов на Дон

Моментот кога голем украински дрон се урна во комплекс згради во рускиот град Ростов на Дон беше снимен на безбедносните камери во областа вчера наутро.

Според податоците објавени од вршителот на должноста гувернер на регионот, Јуриј Слусар, 20 згради беа оштетени од нападот со украински беспилотни летала и камикази, додека најмалку 13 лица беа повредени.

„Прозорци, балкони и паркирани возила беа оштетени. Работиме брзо за да ја евидентираме големината на штетата. Досега се поднесени 175 барања за надомест“, напиша Слусар на својот профил на Телеграм.

Ростов на Дон се наоѓа на околу 230 километри од фронтовската линија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот