ВИДЕО | „Мојот вујко е ранет, а тие го враќаат на фронтот“ – малечката Кира му ја кажа суровата вистина на Путин
На еден настан на Црвениот плоштад во Москва, 11-годишната Кира го стави во непријатна ситуација рускиот претседател Владимир Путин, откако храбро му се обрати со забелешка дека војската не се грижи доволно за ранетите војници на фронтот во Украина.
Препорачано
Девојчето побара нејзиниот вујко, кој бил повреден, да добие подобра здравствена нега.
Кира, која минатата година го загубила својот татко во војната, го трогна народот кога се приближи до Путин, опкружен со верски водачи, и искрено му го раскажа својот болен семеен пример.
– Мојот вујко сега е на фронтот. Беше ранет во рака, беше во болница. Воопшто не го лекуваат, а сега го враќаат на должност. Би сакала да го префрлат во добра болница во Русија – рече таа.
Путин одговори:
– Дефинитивно ќе го најдеме, во ред?
Иако рускиот претседател вети дека ќе се информира, не даде конкретно уверување дека нејзиниот вујко ќе биде повлечен од фронтот.
Кира, не сакајќи нејзината молба да остане нејасна, го спомена неговото име: „Антон Фисјура“.
– Секако. Ви благодарам што се сетивте на него – рече Путин, ја бакна во глава и продолжи понатаму.
Таткото на Кира, 36-годишниот Владимир Пименов, бил мобилизиран и убиен минатата година во регионот Донецк. Посмртно беше одликуван со Орден за храброст. Сега Кира и нејзината седумгодишна сестра Анастасија стравуваат за својот вујко Антон, кој има два сина на возраст од 9 и 18 години.
Девојчето откри дека уште двајца нејзини чичковци се борат на фронтот. Нејзината мајка, Викторија Пименова, е адвокат и работи во Комитетот на семејствата на војниците на татковината – организација која им помага на семејствата на војниците.
На средбата со Путин, Кира му подари рачно изработена играчка Чебурашка, популарен лик од советската ера, што сама ја исплела.
Таа објасни дека вакви играчки прави и за своите чичковци на фронтот.
– Плетев играчка Чебурашка за мојот вујко Антон, потоа за чичко Вања и чичко Јура, кои сега ја бранат својата татковина. Моите играчки дефинитивно ќе им донесат среќа – рече Кира.
Brave girl,11, confronts PUTIN after her uncle was injured in war with Ukraine but sent back to the “front row”. pic.twitter.com/GuC0zud3zX
— DAILY POST 🇳🇬 (@dailypost_ng) November 7, 2025


