ВИДЕО | Митрополит Петар: Родовата еднаквост е опасна, погубна и отровна идеологија
Митрополит Преспанско-пелагониски г. Петар жестоко го нападна феминизмот во Велигденското послание и рече дека „родовата еднаквост е отровна идеологија“.
Препорачано
„На нашето општество молскавично му се заканува уште поопасна, попогубна и поотровна идеологија – родовата еднаквост. Оваа идеологија, односно манипулативна терминологија е богохулна, противприродна, изопачена; Господ ги создаде машко и женско, и сè друго изменето, поинакво и поразлично од Божјото создание е ненормално, а со тоа и неприфатливо“, вели владиката Петар.
Според него, пред појавата на ова движење жените биле домаќинки, а сега се еманципирани и сѐ почесто се разведени.
„Во минатите векови, до феминизмост и еманципацијата на жената, таа била сопруга, мајка, домаќинка, а денес таа е високоеманципирана со забележителни позиции во општеството, но често и разведена и самохрана мајка. Кога некој бара повеќе или поголеми права, треба да е свесен, подготвен и способен да извршува повеќе должности“ порача владиката Петар.
Митрополит Петар рече дека сѐ почесто се случува феминистичките здруженија, барајќи права, да го вперат прстот во Црквата.


