ВИДЕО | Митревски: Проблемите во Собранието се наоѓаат надвор од Собранието

Јован Митревски, координатор на пратеничката група на СДСМ
Јован Митревски, координатор на пратеничката група на СДСМ / Утрински брифинг

Во последниве неколку дена се разгоре во јавноста прашањето за пополнувањето на Уставниот суд со четворица нови уставни судии. За тоа каде лежи проблемот, бидејќи уставните судии ги именува Собранито, во Утрински брифинг разговаравме со Јован Митревски, координатор на пратеничката група на СДСМ.

-Имаме седум комисии во Собранието во кои не соодветствува нивното мнозинство со мнозинството во Собранието. Тоа треба да се надмине со разговор меѓу координаторите на пратеничките групи. И претседателот на Собранието Џафери ни ги даде податоци колку членови од позиција и опозиција треба да има во секоја од комисиите, вели Митревски.

Освен проблемот со мнозинството во комисиите што се смета за пречка, има и шпекулации во врска со кандидатурите на потенцијални судии во Уставниот суд. Митревски вели дека кандидатури сѐ уште нема, а кога ќе има ќе бидат објавени во јавноста.

Митрески вели дека во Собранието има многу закони кои се блокирани од опозицијата како што е законското уредување на порастот на платите на наставниот кадар, но и именувањето на нови амбасадори.

-Секако дека чувствувам оти по обидот за формирањето на ново мнозинство што не успеа, нештата спласнаа. Сега во моментов нема можности за предвремени избори и ќе има редовни избори во 2024 година, вели Митревски.

Проследете го целиот разговор во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот