ВИДЕО | Мицкоски да одговори дали со Британија е договорено прифаќањето на мигранти и мигрантски кампови во Македонија?

Премиерот Христијан Мицкоски да одговори дали со Британија е договорено прифаќањето на мигранти и мигрантски кампови во Македонија, побара денеска на прес-конференција СДСМ.

Македонската влада, која неколку дена престојуваше во Велика Британија, избегнува да даде одговори на клучните прашања кои го потресуваат регионот, а тоа е дали и што е договорено во однос на прифаќањето на мигранти и отворањето на мигрантски кампови во Македонија. Според информациите кои ги имаме од Британија, но и оние кои јавно ги објавија реномираните британски медиуми, фокусот на средбите на британската влада било токму ова прашање, но од нашата влада нема ниедна точна информација. Ова е јасен знак дека повторно на оваа тема нешто се крие. Мицкоски одбил да разговара на оваа тема со реномираниот медиум „Тајмс“ и вчера дал само штур одговор за македонската национална телевизија. Според информациите од Лондон, Велика Британија нуди стратешки инвестиции за земјите од регионот, но тоа доаѓа со разговори и понуди за отворање на кампови за мигранти, рече портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска.

Таа истакна дека иако Мицкоски досега тврдеше дека нема никаков договор за таква работа, информациите што стигнале до СДСМ говорат поинаку.

Бидејќи нашата влада веќе речиси цела година договара ваков тип на заеми и инвестиции, најави кредит од 7 милијарди евра од Британија, Мицкоски веќе не може да се крие и мора јасно да одговори: Што точно се разговара на темата мигранти и кампови за мигранти? Дали е точно дека со договорот за заем има и друг договор за мигрантите кој владата не го соопштува? Зошто Мицкоски, кој единствено нешто што прави е ПР, одбил важно интервју за „Тајмс“? Ова го потврди самиот медиум. Зошто, ако нема што да крие, тој избегал? Дали се чека да поминат изборите па да се соопшти оваа вест?, праша Кузеска.

Граѓаните имаат право да знаат што точно се разговара и ова не е прашање за кое Мицкоски може сам да носи одлуки без да ја информира јавноста, додаваат од партијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот