ВИДЕО | Метју Пери откри зошто ја откачил Џулија Робертс по два месеци врска

Фото: Принтскрин/Јутјуб

Ѕвездата на серијата „Пријатели“, Метју Пери, раскажа како ѝ се додворувал на познатата актерка Џулија Робертс. Нивната романса започнала пред користењето на социјалните мрежи, така што пораките ги праќале по факс, и тоа по стотина дневно. Врската ја прекинал Метју, и тоа затоа што се плашел дека таа ќе го остави. Славниот актер имал недостаток на самодоверба и мислел дека никогаш нема да биде доволен, а сега проговорил за сѐ.

Метју Пери раскажал дека нивната романса започнала откако актерката била поканета да се појави во ситкомот во 1995 година. Продуцентите го замолиле да стапи во контакт со неа, откако таа изјавила дека ќе земе гостинска улога само ако може да биде во приказна со неговиот лик, Чендлер Бинг.

– Тогаш ѝ испратив рози и напишав на хартијата: „Единствена работа која е повозбудлива од шансата дека ќе учествуваш во шоуто е што конечно имам изговор да ти испратам цвеќе“. Не само што Џулија се согласи да ја глуми во серијата, туку ми испрати и подарок – ми испрати многу колачи – изјавил Пери за „Тајм“.

Нејзината согласност да глуми во специјалната епизода на „Пријатели“ го поттикнало она што Пери сега го опишува како тримесечно додворување преку секојдневни факсови додека снимала филм во Франција. Кога започнало снимањето на епизодата на „Пријатели“, тие веќе биле пар.

Пишувајќи во својата претстојна автобиографија „Пријатели, љубовници и големата страшна работа“ (Friends, Lovers And The Big Terrible Thing), Пери открива дека тие размениле стотици пораки во деновите пред електронската пошта да стане секојдневие.

– Три или четири пати на ден седев до мојот факс и гледав како парчето хартија полека го открива нејзиното следно писмо. Бев толку возбуден што некоја вечер ќе се најдев на забава и ќе флертував со атрактивна жена и ќе го завршев разговорот за да трчам дома и да видам дали пристигнал новиот факс – раскажува актерот.

Метју и Џулија на крајот започнале врска, но Пери ја оставил два месеци откако таа се појавила во шоуто.

– Врската со Џулија Робертс беше премногу за мене. Постојано бев убеден дека ќе ми раскине. Зошто да не? Не бев доволен и никогаш не можев да бидам доволен. Бев скршен, свиткан, недостоен за љубов. Значи, наместо да се соочам со неизбежната агонија да ја загубам, раскинав со прекрасната и брилијантна Џулија Робертс. Можеби мислела дека излегува со лик од ТВ, а сега тој лик раскинува со неа. Не можам да го опишам тој израз на збунетост на нејзиното лице откако ѝ реков – се присетува Пери.

Во книгата, која ќе биде објавена на 1 ноември, Пери, исто така, се отвора за неговото искуство на работ на смртта со опијати и признава дека пет години по неговото разделување со Робертс, ја гледал како добива Оскар за нејзината улога во „Ерин Брокович“ додека тој се препотувал на рехабилитација, опкружен со колеги пациенти.

– Додека таа го држеше својот говор, во таа просторија во центарот за рехабилитација се крена глас, итен, тажен, нежен, лут, молбен, исполнет со копнеж и солзи. Се пошегував „ќе те вратам назад“. Целата соба се смееше, иако ова не беше смешна реплика во ситком. Ова сега беше вистинскиот живот. Тие луѓе на телевизија веќе не беа мои луѓе. Не, луѓето пред кои лежев, се тресев, покриен со ќебиња, тогаш беа мои луѓе – вели Пери.

Метју Пери конечно ќе ја раскаже својата приказна: Автобиографија вредна милионска сума

Метју Пери конечно ќе ја раскаже својата приказна: Автобиографија вредна милионска сума

Во друштво на мистериозна бринета: Метју Пери по долго време повторно забележан во јавноста

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот