ВИДЕО: Метеор експлодира како 30 тона ТНТ над Питсбург на новогодишната ноќ

Метеор / Фото: НАСА, принтскрин

Метеор кој предизвика силна експлозија над предградие на Питсбург на Нова година, експлодирал во атмосферата со енергија еквивалентна на 30 тони ТНТ, потврдија американските власти.

Веб-страницата на НАСА за Meteor Watch објави дека „разумната претпоставка“ за брзината на метеорот би била околу 72.420 километри на час, со проценка дека метеорот тежи околу половина тон.

Во текстот на веб-страницата на НАСА се наведува дека метеорот би бил лесно видлив дури и во текот на денот доколку не беше облачно и мрачно време, како и дека испуштал 100 пати повеќе светлина од полната месечина.

Жителите на Саут Хилс и други области изјавија дека слушнале силен звук и почувствувале како нивните домови се тресат, но официјални лица од округот Алегени потврдија дека немало сеизмичка активност или гром.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот