ВИДЕО: Меркел ја затвора Германија, карантин од 2 ноември

Ангела Меркел со заштитна маска
Ангела Меркел со заштитна маска / Фото: EPA-EFE/FILIP SINGER / POOL

Германската канцеларка Ангела Меркел се обрати на германската јавност откао на состанокот со премиерите од сојузните држави договори карантин кој на сила стапува од 2 ноември.

Новите мерки, кои ќе траат четири недели и стапуваат на сила на 2 ноември, пред се се насочени на намалување на личните контакти на граѓаните, а вклучуваат и затворање на угостителските објекти и ограничување на собирите во приватниот и јавниот живот и забрана на туристички патувања.

„Ноември ќе биде месец на национално вложување на сите напори“, рече германската канцеларка Меркел по состанокот на владата и преставниците на сојузните покраини на кој се разговарало за новите мерки во борбата против ширењето на пандемијата од коронавирус.

Канцеларката рече дека состанокот, со оглед на драстичниот пораст на новозаразените, премина во „многу сериозна“ атмосфера.

„Денеска е тежок ден за оние кои донесуваат одлуки“, рече канцеларката која истовремено додаде дека одлуките не можеле да се одложуваат.

„Потполно е јасно дека мора да дејствуваме веднаш. Најважна алатка е следењето на контакти. Но здравствените власти сега се на работ на тоа да можат да гарантираат дека ќе се врши следење. Постои опасноност од губење контрола. Затоа ни се потребни уште едни национални напори во ноември“, рече таа.

„Ние мораме да ја спречиме кризната ситуација во медицинскиот систем“, заклучи Меркел. Укажа на тоа дека и премиерите на сојузните покраини се свесни за ситуацијата во која е нужно единствено дејствување.

„Многу сум благодарна што и покрај различните позиции и епидемиолошки ситуации во одредени сојузни покраини пронајдовме заедничко и единствено решение“, рече Меркел. Денес донесените мерки вредат единствено на подрачјето на цела Германија.

Премиерот на сојузната покраина – градот Берлин Михаел Мулер исто така рече дека се работи за одлуки кои не било едноставно да се донесат, но тие се исто така и нужни.

“Ова се тешки одлуки и тешки мерки. Но, тоа е околу четири недели. Ако гледаме сега и не сториме ништо, ќе ни се случи да мораме да се збогуваме со многу луѓе”, рече Мулер, посочувајќи дека во водечките берлинските болници ситуација со капацитетите е слична на онаа на почетокот на пролетната пандемија.

Баварскиот премиер Маркус Содер рече дека новите мерки се „горчлива пилула“ која, сепак, е неопходна бидејќи во меѓувреме се појавила ситуација во која не е можно да се следи текот на новите инфекции.

„Со ова препишуваме четиринеделна терапија“, рече Содер, додавајќи дека верува оти граѓаните ќе реагираат солидарно.

„Ние сме општество на солидарност, а не егоистичко општество“, рече Содер.

Според новите ригорозни мерки, кои стапуваат на сила во понеделник, ќе биде можно да се соберат максимум десет лица од најмногу две домаќинства, објавија германските медиуми, повикувајќи се на учесници на состанокот меѓу германската влада и федералните премиери што започна околу 13 часот.

Рестораните и кафулињата исто така треба да бидат затворени за гости со можност за достава на храна и пијалоци. Исклучок се мензите. Оваа мерка треба да трае цел ноември.

Продавниците ќе останат отворени, но со ограничување од еден клиент на 10 квадратни метри, а рестораните ќе работат само за достава на храна.

Публиката нема да биде дозволена на натпреварите во Бундеслигата, што е исто така мерка што треба да трае цел ноември.

Училиштата и градинките остануваат отворени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот