ВИДЕО: Мемфис без најдобриот го декласираше Голден стејт

фото: EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO

Мемфис на неверојатен начин триумфираше над Голден стејт, а Јанис Адетокумбо руши сè пред себе и ита кон одбрана на титулата.

Гризлис без својот најдобар играч Џа Морант ги декласираше поранешните НБА шампиони со резултат 134:95 за намалување на 3:2 во полуфиналната плеј-оф серија на Западот.

Најефикасен во победничките редови беше Десмонд Бејн со 21 поен, следен од Џарен Џексон кој постигна исто така 18 поени, но и запиша осум скока.

На спротивната страна Клеј Томпсон реализираше 19 коша, Џонатан Куминга беше зад него со 17 поени, а 14 беа дело на Стеф Кари.

Во полуфиналето на Истокот Милвоки води со 3:2 во серијата против Бостон, откако во петтиот меч на гости беше подобар со 107:110.

Кај Бакси повторно прв стрелец беше грчкиот „ѕвер“ Адетокумбо со дуро 40 поени (11 скокови), а за поразените Џејсон Тејтум имаше 34 поени (шест скокови, четири асистенции).

НБА плеј-оф, резултати –

Мемфис гризлис – Голден стејт вориорс 134:95 (3:2)
Бостон селтикс – Милвоки бакс 107:110 (2:3)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот