ВИДЕО: Матуранти од две белградски гимназии крајот на учебната година „го прославија“ со клоци и тупаници

Фото: Твитер

Mатуранти од две белградски гимназии се испотепаа со клоци и тупаници.

Тепачката се случила во Звездарска Шума.Додека момчињата се тепаат, девојчињата викаат по нив да не користат факели.

Станува збор за матуранти од Шестата и Седмата белградска гимназија.

Меѓу учениците кои се собрале да го прослават крајот на учебната година дошло до помал конфликт, а на социјалните мрежи се шпекулира дека алкохолот кој го конзумирале учениците уште повеќе го разгорел инцидентот, јавуваат српските медиуми.

Еден од учесниците во тепачката запалил факел.

Како што дознаваат српските медиуми, во инцидентот се повредени двајца ученици, а станува збор за ученици од Шестата белградска гимназија. Тие поради повреди на главата, се пренесени во Ургентниот центар.

Радисав Милиќ, директор на Шестата белградска гимназија изјавил дека матурантите претходно биле во училиште.

„Во училишниот двор тој ден се беше убаво, децата се однесуваа соодветно, се поздравија со учителката. После сами се собраа во Звездарска Шума, не знам која била причината за тепачката“ изјави Милиќ.

Мирослав Маркиќевиќ, директор на Седмата белградска гимназија изјавил дека нивните ученици биле љубезни и во училишниот двор немало никакви најави за инциденти.

„На денот кога се случи инцидентот, матурантите беа во училишниот двор заедно означувајќи го крајот на школувањето, се беше како што треба. Тие после училиште отидоа во природа да слават. Не знам како дошло до инцидентот“ изјави Маркиќевиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот