ВИДЕО: Манчестер јунајтед едвај против Брентфорд, Њукасл пукна „петарда“ во Лондон

фото: EPA-EFE/Adam Vaughan

Фудбалерите на Манчестер јунајтед и Њукасл ја продолжуваат трката за пласман во групите на Лигата на шампионите следната сезона.

„Црвените ѓаволи“ во одложениот натпревар од 25 коло во Премиер лигата на Олд Трафорд триумфираше со 1:0 над Брентфорд и така им се реваншираа за поразот на стартот од сезоната (4:0).

Играчите на Ерик Тен Хаг со овој триумф ја прекинаа низата од три меча без постигнат гол и победа во Премиер лигата.

Клучниот момент се случи во 27 минута кога Сабицер одлично го пронајде Рашфорд, а овојпат со еден силен удар ја затресе противничката мрежа.

Њукасл во Лондон убедливо славеше над Астон Вила со 1:5 за вкупно 14 победа сезонава.

На табелата Њукасл е на третата позиција со 53 бодови колку што има и Манчестер јунајтед на четвртото место. Брентфорд по шестиот пораз е деветтопласиран со 43 бодови, додека Вест Хем е на 15 позиција со 27 бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот