ВИДЕО: Македонски војници помогнаа да се извлече живо петгодишно дете од урнатините во Кахраманмараш

Армискиот тим, кој е ангажиран во активностите за пребарување на теренот, пронаоѓање и извлекување на евентуално преживеаните во градот Кахраманмараш во попладневните часови асистираше во успешно спроведена акција на спасување на петгодишно дете од рушевините.

„По сознанијата дека се слушнати гласови под рушевини, нашиот армиски тим заедно со турскиот тим за пребарување по шестчасовно расчистување на рушевините слушнале детски глас и по четири часовното максимално ангажирање успеале да го извлечат петгодишниот Сулејман од рушевините“, информираат од Канцеларијата за односи со јавност на Генералштабот на Армијата.

Инаку екипи на Противпожарната единица на градот Скопје веќе се на терен во турскиот град Газиантеп, каде помагаат во спасувачките напори по катастрофалниот земјотрес, заедно со другите екипи од целиот свет.

ГАЛЕРИЈА: Скопските пожарникари веќе помагаат на терен во Газиантеп

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот