ВИДЕО | Македонија ќе оди на Евровизија 2022, спектакл за 200 милиони гледачи

Ќе се натпреваруваат вкупно 41 земја / Фото: Принтксрин / eurovision.tv

Македонија ќе учествува на популарната музичка манифестација Евровизија 2022, која ќе се одржи во Италија. Веста дека нашата земја ќе има свој претставник ја објавија организаторите на настанот на официјалната страница на ЕБУ.

Шеесет и шестиот натпревар, организиран од Европската радиодифузна унија (ЕБУ) и нејзиниот италијански член, јавниот радиодифузер Раи.

Од вкупно 41 земја којашто ќе учествува на музичкиот натпревар кој ќе се одржи во Торино, во мај 2022 година, 36 ќе се натпреваруваат во две полуфиналиња со по 10 успешни нумери од секое полуфинале, придружувајќи им се на четирите од големата петорка (Франција, Германија, Шпанија, Обединетото Кралство) и на домаќинот Италија во големото финале.

Од ЕБУ порачаа дека нивните тимови веќе работат на организацијата и се подготвуваат да ги дочекаат делегациите на земјите учеснички, најавуваат спектакл кој се очекува да го следат околу 200 милиони гледачи ширум светот.

И додека ЕБУ информира дека Македонија ќе учествува на Евровизија, Јавниот радиодифузен сервис МРТ, се уште не излегол со информација за јавноста околу најавениот настан.

Италијанскиот град Торино е избран за град домаќин на 66-тиот избор за песна на Евровизија, откако триумфираше над 16 други конкурентски понуди.

Италија го доби правото да го организира настанот наредната година откако групата „Манескин“ ѝ ја донесе првата победа на својата земја од 1990 година со песната „Zitti e Buoni“ на овогодинешниот натпревар во мај.

Големото финале на изборот за песна на Евровизија 2022 година ќе се одржи на „ПалаОлимпико“, една од најголемите затворени арени во Италија, во сабота на 14 мај, а полуфиналните вечери ќе се одржат на 10 и 12 мај.

Погледнете на официјалниот сајт на ЕБУ кои земји ќе учествуваат на Евровизија 2022 година во Торино, а меѓу нив е и Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот