ВИДЕО: Луѓе едвај одеа по смрзнатите скали во Белградската арена, организаторот обвини „неодговорни навивачи“
Откако на социјалните мрежи се појави снимка на која се гледаат посетители како се спуштаат по неисчистени и со снег покриени скали по ватерполо-натпревар од Европското првенство во Белград, се огласи управата на Белградската арена, која е домаќин на натпреварувањето.
Препорачано
Во соопштението се наведува дека спорниот дел од платото и скалите биле затворени за употреба веќе неколку недели поради манифестацијата „Волшебнаа зима“. Од Арената истакнуваат дека тој дел од 24 декември 2025 година е забранет за поминување и ограден со заштитна ограда.
Beogradska arena spremna za evropsko
prvenstvo u vaterpolu. pic.twitter.com/7cwW85Bk3k— Rea Lana (@Rea368) January 11, 2026
Од управата тврдат дека при излегувањето на посетителите од натпреварот на тоа место бил присутен припадник на обезбедувањето, но дека „неодговорни лица го игнорирале тоа и на сопствена одговорност се спуштале по необезбеденото скалиште“. Се додава дека скалите во меѓувреме се исчистени и дека е засилено обезбедувањето, но дека поминувањето и понатаму нема да биде дозволено.
„Апелираме до сите граѓани да се придржуваат до упатствата и ознаките на Арената, бидејќи само со нивно почитување можеме да ја обезбедиме безбедноста при движење“, се вели во соопштението.
На крајот се нагласува дека безбедноста на посетителите останува приоритет на управата и вработените
„Посебно внимание на сите безбедносни аспекти ќе биде посветено за време на траењето на Европското првенство во ватерполо, имајќи го предвид големиот број посетители и актуелните временски услови“, заклучуваат од Белградската арена.
View this post on Instagram


