ВИДЕО | „Лудиот“ тренд со пиво на интернет кој ветува бронзен тен предизвикува рак на кожа

Фото: Принтскрин/Тик- ток

Најновиот тренд, кој бројни стручњаци го карактеризираат како „лудост“, е користење пиво за побрзо потемнување на сонце, кој не само што ќе ве направи лепливи и магнет за муви, туку и ќе ве изложи на опасност од топлотен удар, труење на сонце и сериозни заболувања на кожата.

– Не ми се верува дека ова „лудило“ постои. Ова е уште еден тренд со сериозни последици. Штетата од сонце е непоправлива и е причина за дури 90 отсто најчести карциноми во Велика Британија. Луѓето кои се склони предолго да остануваат на сонце се изложени на сериозен ризик од развој на сите видови на рак на кожа, а изгорениците се поврзани со развој на меланом, најтешката форма на рак на кожа што го загрозува животот – изјавила Кетрин Клифорд за „Сан“, ко-основачката на добротворната организација за кревање на свеста за ракот на кожа.

 

@rrenriquez Lahat ba tayo nakapag try na ng beer tanning?😝✌️ I forgit to bring my oil. Promise ok din ang beer! I’ve been using this since 20 years ago😝 #Fyp #Foryou #Trending #SanMiguelBeerMen #SanMiguelBeer #RrEnriquez #QueenSawsawera ♬ GENTO – SB19

Таа исто така додава дека ракот на кожа е сè повеќе развиен кај младите.

– Ракот на кожата во големи проценти се појавува кај младите од 15 до 34 години кои најмногу ја користат оваа апликација. Ваквиот тип на содржина треба да се забрани на платформите како Тик- ток – вели Кетрин.

И другите стручњаци се согласуваат со неа.

Џејсон Голдберг, директор на „Спасикерс“ предупредува дека пивото може да предизвика труење.

– Користењето пиво за сончање, особено без заштитен фактор, значително го зголемува ризикот од изгореници од сонце, топлотен удар, а ако се користи постојано, ова предизвикува предвремено стареење. Без заштитен фактор, потребни се само 10 минути на сонце за кожата да почне да гори. Со текот на времето, ова претставува ризик од рак на кожата, при што 70 осто од случаите со вакво заболување се предизвикани од оштетување од сонцето – изјави Голдберг.

Голберг вели дека пивото поради хмељот, кој е клучна состојка, може да влијае да потемните побрзо, но тоа не го прави добро средство за сончање. Пивото го зголемува лачењето на меланин, што ја прави нашата кожа потемна, но треба да бидете исклучително претпазливи.

– Секој метод што се користи за побрзо потемнување носи повеќе штета отколку корист, а резултира со трајно оштетување на кожата. Запомнете, потемниот тен колку и да изгледа привлечно, не е вреден за вашето здравје и немојте да го следите овој тренд – додава Голдберг.

 

@imracim 30 views expected 😂☀️☀️ #sunbathinghack #sunbathing #tanhacks #sun #beach #sunnybeach #bulgarie #dz #algerian #bulgaria #summer #goodvibes ♬ Sunny Day – Ted Fresco


„Националниот центар за здравје“ наведува дека не постои безбеден или здрав начин за инстант потемнување и дека треба исклучително да се внимава при изложување на сонце. Ова вклучува поминување време под сенка кога сонцето е најсилно – помеѓу 11 и 15 часот, како и покривање со соодветна облека. Употребата на крема за сончање со заштитен фактор од најмалку 30, е важна за заштита од сончевите зраци.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот