Фото: Liverpool FC

ВИДЕО | Ливерпул против Фулам освои важни бодови во битката за место во ЛШ

Екипата на Ливерпул се врати на победничките патеки во Премиерлигата, совладувајќи го Фулам со 2-0 во рамките на 32. коло.

Дуелот понуди динамичен фудбал од самиот старт, но „црвените“ ја направија разликата во краток период од првото полувреме. Во интервал од четири минути, Рио Нгумоа и Мохамед Салах ги искористија шансите и донесоа сигурна предност од 2-0.

Во продолжението, Фулам прикажа подобра игра и создаде неколку солидни прилики, но голманот Џорџи Мамардашвили беше на висина на задачата и ја сочува својата мрежа.

Со новите три бода, Ливерпул се задржува на петтата позиција со 52 освоени бодови, додека Фулам останува на 11. место со 44 бода.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот