Фото: EPA/CRISTOBAL HERRERA-ULASHKEVICH

ВИДЕО | Лионел Меси го постигна 900. гол во кариерата

Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси го запиша својот 900-ти гол во професионалната кариера. Меси го постигна овој подвиг во седмата минута од реваншот од КОНКАКАФ Лигата на шампионите, во кој неговиот тим Интер Мајами го пречека Нешвил.

Аргентинецот добро се снајде во противничкиот шеснаесетник и со еден прецизен удар ја испрати топката во мрежата.

За негова несреќа, Нешвил го израмни резултатот на 1:1 до крајот на натпреварот и го елиминираше Интер Мајами од натпреварувањето.

Меси стана само вториот играч со 900 или повеќе голови – вечната листа ја предводи Португалецот Кристијано Роналдо со 959 голови.

Аргентинецот дојде до 900 голови во 1.142 натпревари, додека Кристијано Роналдо го направи истото, но во 1.236 мечеви.

Меси постигна најмногу голови во дресот на Барселона, вкупно 672, 115 пати стрелаше во дресот на Аргентина, 81 во Интер Мајами и 32 во ПСЖ.

Трет на листата е Бразилецот Пеле со 765 гола на официјални натпревари, иако го држи Гинисовиот рекорд со 1.279 гола на 1.363 натпревари, сметајќи ги пријателските натпревари и турнеите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот