ВИДЕО | Лидерот на ТХП Ибрахим: Остануваме во владината коалиција, Мицкоски не е алтернатива

Од наша страна провокација нема. Ние како партија веруваме во демократските вредности и принципиелно си ја тераме нашата политика. Во континуитет работиме за нашата држава, но и за подобрување на состојбата на турската зедница во државава. Што се однесува за Радовиш, ние имавме големи проблеми со градоначалникот на општината, каде имавме извесни несогласувања. Но да не заборавиме дека изминатиов период заедно со СДСМ и останатите коалициони партии се боревме против еден режим – груевизмот и верувам дека локалните шерифи нема да го газат достоинството на граѓаните, па така и на Турската заедница. Ние веруваме во концептот на „Едно општество“. За жал надвор од идеолошката перцепција на нашата коалиција делуваше градоначалникот и ја напуштивме локалната коалција. Оваа година е редовна конгресна година, ќе се одржи редовниот конгрес меѓу 28 и 30 мај, ние сме демократска партија можно е да има нови луѓе во раководството, па ќе видиме, вели Енес Ибрахим, претседател на Партијата за движење на Турците.

„На виделина излезе дека со национализмот државата нема иднина. Ние сме меѓу првите партии кои тврдат дека треба да се тргне префиксот на етнички партии. Идеолошката определба на нашата коалиција е заедништво. Треба да се сплотиме врз нашите стратешки цели. Но сметам дека државата оди напред и сега кога се демократизира нема простор за ваква работа.“, вели Ибрахим.

„Мицкоски не е алтернатива. Тоа е јасен став. Етничките тензии се минато. Државата ни е нормализирана, а е во процес на демократизација – таму нема место за локални шерифи.“, додаде тој.

Целиот разговор со лидерот на Партијата за движење на Турците, Енес Ибрахим погледнете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот