ВИДЕО | Леверкузен сигурно чекори кон титулата во Бундеслигата

Фото: EPA-EFE/RONALD WITTEK

Баер Леверкузен продолжува сигурно да чекори кон титулата во Бундеслигата и во денешниот натпревар славеше победа од 0:2 на гостувањето кај Келн.

Избраниците на Чаби Алонсо играат неверојатен фудбал и треба чудо да се случи за да не ја прекинат доминацијата на Баерн во германскиот фудбал која трае 11 години.

Келн денеска немаше сили за изненадување, а играше и со играч помалку поради исклучувањето на Тилман во раната фаза. Победата за лидерот на табелата ја обезбедија Фримпонг и Грималдо.

На табелата во овој момент Баер има дури десет бода повеќе во однос на Баерн Минхен кој игра во очајна форма.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот