ВИДЕО: Левандовски го имитираше Роналдињо на претставувањето на „Камп Ноу“

Роберт Левандовски е новиот напаѓач на Барселона/Фото: EPA-EFE/Alejandro Garcia

Барселона има навика да ангажира големи засилувања така што ќе ги остави да жонглираат со топката, а денеска на ред дојде Роберт Левандовски (33).

Важи за човек кој не се истакнува многу кога е во прашање техниката на жонглирање, нема да видите атрактивни потези од него на натпреварите, освен кога тоа е единствениот начин да се постигне гол, а овојпат покажа дека умее да направи интересни потези.

На видео записите можете да го погледнете неговото претставување пред публиката на „Камп Ноу“. Полјакот ја зеде топката и почна да жонглира. Откако ја смири на челото, „Лева“ потоа ја бакна топката, на ист начин како што тоа го направи легендарниот Роналдињо во неговото претставување во Барса во 2003 година.

Барселона ја започнува новата сезона на 13 август против Рајо Ваљекано на македонскиот голман Столе Димитриевски, а Левандовски ќе има можност да докаже зошто е еден од најдобрите стрелци во историјата на фудбалот.

– Мојата среќа е толку висока што понекогаш ми е тешко да најдам зборови да ја објаснам – рече полскиот напаѓач на презентацијата.

Во својата последна сезона во дресот на Баерн Минхен во Бундеслигата запиша 33 голови во 34 настапи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот