ВИДЕО | Лекарите ѝ дале само 2% шанси да преживее: 30-годишна учесничка на „American’s Got Talent“ го помести жирито од место

youtube
принтскрин

Пред неколку дена во шоуто „America’s Got Talent“, 30-годишната учесничка Џејн Марцевски го воодушеви жирито со својот глас, а нејзината потресна, тажна, но инспиративна приказна ќе ве расплаче…

Џејн, со уметничкото име „Nightbirde“ на шоуто ја претстави и испеа својата оригинална песна „It’s OK“. Како што раскажа, токму таа песна ја опишува последната година од нејзиниот живот, во која се бори со рак на белите дробови, ‘рбетот и црниот дроб. Лекарите ѝ рекле дека има само 2% шанси да преживее, но Џејн била оптимист.

youtube
Принтскрин / Youtube

Важно е секој да знае дека сум многу повеќе од лошите работи што ми се случуваат… Два проценти не е нула. Два проценти се нешто“, истакна девојката.

Нејзиниот настап го воодушеви жирито

Знаете, имаме многу пејачи, но кога мислам на автентичноста… Тоа не може да се опише, тоа едноставно можеш да го почувствуваш, те возбудува. Ми се чини дека ова е најавтентичното нешто што го имам слушнато оваа сезона“, ѝ рече Хауи Мандел по настапот.

Софија Вергара се согласи со него. „Беше неверојатно. Беше моќно, беше искрено. Мислам дека си неверојатна“, рече Вергара.

Хајди Клум додаде дека Џејн ја наежила со нејзиното пеење, а и Сајмон Кауел имаше само пофални зборови.

youtube
Принтскрин / Youtube

Твојот глас е воодушевувачки. Апсолутно воодушевувачки. Сосема се согласувам со она што Хоуви го рече за автентичноста. Имаше нешто во таа песна и во тоа колку лежерно ни раскажа низ што минуваш“, ѝ рече тој.

Не можете да чекате животот да престане да биде напорен за да одлучите да бидете среќни“, одговори Џејн.

Потоа, Сајмон го притисна златното копче и ја испрати во полуфиналето на натпреварот, заслужено!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот