ВИДЕО | ЛЕ: Севиља не дозволи италијанско финале, по продолженија го елиминираше Јувентус

Фото: EPA-EFE/Jose Manuel Vidal

Рома и Севиља ќе играат финале во Лигата на Европа откако вечерва по продолженија Севиља го елиминираше Јувентус, а Рома одигра 0:0 со Баер Леверкузен.

Се бранеше Рома против Леверкузен 90 минути и успеа да издржи да не прими гол. Мурињо така ќе води тим во петтото европско финале во кариерата, додека Рома ќе игра своето второ во низа. Минатата година „волчицата“ ја освои Конференциската лига.

Севиља во второто полуфинале преку продолженија ја елиминираше „старата дама“ со 2:1. Јувентус и Севиља одиграа одличен натпревар во кој и двете екипи имаа свои шанси.

Душан Влаховиќ кој во игра влезе во 63-тата минута, само 120 секунди подоцна ја погоди мрежата на Севиља и го доведе Јувентус во водство. До изедначување шпанскиот претставник стигна со одличниот гол на Сусо во 72-та минута.

Конечните 2:1 ги постави Аргентинецот, Ерик Ламела кој со глава го матираше Шчесни во 95-тата минута.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот