Фото: Coventry City FC

ВИДЕО | Ковентри со Лампард на клупата по 25 години се врати во Премиер лигата

По четврт век чекање, Ковентри повторно се враќа меѓу елитата на англискиот фудбал и со легендарниот Френк Лампард на клупата. Ремито од 1:1 на гостувањето кај Блекбурн беше доволно за историски камбек во Премиер лига.

На Ковентри му беше потребен барем бод и успеа да го освои во драматичен финиш. Херој на вечерта беше Боби Томас, кој погоди во 84. минута и донесе резултат што ќе се памети долго меѓу навивачите.

Со овој исход, Ковентри создаде недостижна предност од 13 бодови во однос на Милвол на третата позиција, на само четири кола до крајот, доволно за да започне големото славје.

Ова е еден од најзначајните моменти во поновата историја на клубот, чиј најголем успех останува освојувањето на ФА Куп во 1987 година. Интересно е што пред последното испаѓање од елитата, Ковентри помина дури 34 последователни сезони во највисокиот ранг на англискиот фудбал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот