ВИДЕО | Ковачевски: Треба да се привлечат експерти кои ќе се вклучат и во партијата но и во државата

Димитар Ковачевски / Утрински брифинг
Димитар Ковачевски / Утрински брифинг

Димитар Ковачевски е еден од најактуените кандидати за нов претседател на СДСМ, барем додека не се пријават други. Лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски имаше многу остри коментари за кандидатурата на Ковачевски.

-Ги видов неговите коментари. Јас сум човек со високо ниво на интегритет и веќе 30 години сум во СДСМ. Имам голема почит кон Зоран Заев оти тој ги донесе најтешките одлуки. Секој човек со интегритет својата независност ја докажува преку делата, вели Ковачевски за Утрински брифинг.

Во интервју за МИА Ковачевски изнесе начелни визии за иднината на партијата, пред сѐ обединување иако постои голема поделба и разделеност.

-Клучна порака е обединувачње на членството и симпатизерите на СДСМ, а поуката се извлекува од последните локални избори. СДСМ воведе многу подемократско општество од претходно, и тоа се потврди на локалните избори со независни листи и кандидати. Оваа влада го воведе концептот „Едно општество за сите“ и тоа е обединување оти меѓуетнички инциденти веќе нема. Но треба и обединување околу економијата и стандардот. Треба да се надминат и економската и енергетската криза, вели Ковачевски.

Заев се покажа дека има голема доверба во Ковачевски иако досега не бил во висока и истакната позиција.

-Секогаш моите односи со луѓето ги градам врз основа на вредности, принципи и искреност. Кога приоѓам кон она што ми е работа не го правам тоа на наметлив начин, вели Ковачевски.

Дали Ковачевски се доживува како технократ или политичар?

-Постојат два аспекта на политиката. СДСМ најголем дел од времето го помина на надврешна политика и сега сме членка на НАТО и сме на пат кон ЕУ, што зависи од разговорите со Бугарија. Сметам дека голем број процеси внатре во државата беа запоставени, како и ветувањата шт беа дадени пред граѓаните. Правната одговорност е дадена со закон, но постои и менаџерска одговорност за извршување на задачите – ако не се завршат задачите треба да има промени, вели Ковачевски.

Политичкиот популизам не му беше туѓ ни на Заев.

Верувам дека треба да се слушне гласот на секој член на партијата. Но, не е доволно да се слуша, треба и да се применува. Во рамки на државата е да кажете што же направите, а кога ќе направите да сметате дека може и повеќе. Стратегиска цел на партијата е отворање на преговорите со ЕУ. Ние веќе соработуваме со меѓународни компании, кај нас се произведуваат сложени системи, на пример делови за „Мерцедес“. Ако воспоставиме систем највештите да се вклучат во системот, Македонија може да исчекори, вели Ковачевски за Утрински брифинг.

Дали Македонија е подготвена за скок од општа политика во технократско извршување?

-Треба да се привлечат експерти кои ќе се вклучат и во партијата но и во државата. За граѓаните се важни и општите политички теми, за што имаме како СДСМ добар напредок со решавањето на проблемите со соседите. Сега треба да се адресираат проблемите со корупцијата што треба да го страт институциите. Но, граѓаните ги интересира стандардот, вели Ковачевски.

Се вели дека СДСМ има добри идеи, но потешко ги реализира.

-СДСМ е најголема партија во државата и на партиските избори моѓат сите да гласаат, Ние имме најдобар кадровски потенцијал. Сметам дека треба да се направи нов тим со вклучување нови луѓе кои ќе придодадат со својата енергија, вели Ковачевски.

-Корупцијата е лоша за целото општество и од аспект на конкуренцијата и намалување на слободите. И тоа мора да се адресира. Судството и Обвинителството мора да бидат независни и мора да ја зголемат ефикасноста. Мојот став е нулта толеранција за корупцијата и сѐ да се работи по закон и процедура. Откриената корипција мора да се санкционира, вели Ковачевски.

Проследете го целиот разговор во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот