Фото: Screenshot/instagram.com/konyaspor/

ВИДЕО | Коњаспор во финалето на турскиот Куп, Барди од пенал го урна Бешикташ

Во полуфиналето од Купот на Турција, фудбалерите на Коњаспор со конечен резултат 1:0 го елиминираа составот на Бешикташ.

На стадионот „Тупрас“ во Истанбул, немаше голови во поголемиот дел од натпреварот, при што Бешикташ создаде неколку шанси за гол, но не успеа да реализира.

Во првото полувреме, ударот од далечина на Ел Билал Туре ја погоди пречката, додека Оркун Кокчу, исто така, ја погоди пречката во второто полувреме.

Во самиот финиш од мечот (90+5`) судијата досуди пенал за Коњаспор, а по ВАР-снимката одлуката беше потврдена.

Прецизен од белата точка за победа и понатамошен пласман беше македонскиот репрезентативец Енис Барди (90+8`).

Коњаспор се пласираше во финалето на Купот на Турција по втор пат во својата историја. Во финалето ќе се соочи со победникот од натпреварот помеѓу Трабзонспор и Генчлербирлиги.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот