ВИДЕО: Комплетирани групите на Евро 2024, Украина и Полска се последните учесници

фото: EPA-EFE/Maciej Kulczynski

Ги дознавме сите патници преку плеј-офот во Лигата на нации кои ќе играат на Европското првенство кое ќе се одржи од 14 јуни до 14 јули годинава во Германија.

После репрезентацијата на Грузија која испиша историја, пласман на континенталниот собир обезбедија и селекциите на Украина и Полска.

Украинските фудбалери во сегментот Б во финалето одиграно во Вроцлав со 2:1 триумфираа над Исланд.

Исланѓаните водеа од 30 минута со голот на Гудмундсон, а играчите на Сергеј Ребров направија пресврт во второто полувреме со погодоците на Циганков во 54 и Мудрик во 84 минута.

Украина на ЕП ќе игра во групата „Е“ заедно со репрезентациите на Белгија, Словачка и Романија.

Полска на гости во Кардиф успеа на пенали со 5:4 да го совлада домашниот Велс. Трагичар кај Велшаните беше Даниел Џејмс кој беше непрецизен од белата точка.

Полјаците на Европското првенство ќе бидат во силната група „Д“ каде за ривали ќе ги имаат Холандија, Австрија и Франција.

Евро 2024

Група „А“: Германија, Шкотска, Унгарија, Швајцарија
Група „Б“: Шпанија, Хрватска, Италија, Албанија
Група „Ц“: Словенија, Данска, Србија, Англија
Група „Д“: Полска, Холандија, Австрија, Франција
Група „Е“: Белгија, Словачка, Романија, Украина
Група „Ф“: Турција, Грузија, Португалија, Чешка

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот