ВИДЕО: Грузија испиша историја во Тбилиси, за прв пат ќе игра на Европско првенство

Грузијците го слават историското учество на Евро 2024/фото: EPA-EFE/DAVID MDZINARISHVILI

Фудбалската репрезентација на Грузија преку Лигата на нации успеа да си обезбеди место на Европското првенство кое годинава ќе се организира во Германија.

Денеска во големото финале од Ц сегментот Грузија пред своите навивачи во Тбилиси на пенали со 4:2 ја совлада Грција. Немаше голови во регуларните 90 минути и двете продолженија.

Пред финалниот меч избраниците на селекторот Вили Сањол на домашен терен со 2:0 го совладаа Луксембург.

Потсетување дека Грузијците беа противник на Македонија во Лигата Ц каде го освоија првото место во групата „Ц4“.

Така, се комплетираше уште една група на континенталниот собир, најдобрите грузиски фудбалери се сместени во групата „Ф“ заедно со селекциите на Турција, Португалија и Чешка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот