ВИДЕО| Камерман претрча цел терен за да го сними славјето на фудбалерите и навивачите

Принтскри/Редит

Синоќа се одигра големото фудбалско дерби во шампионатот на БиХ меѓу Жељезничар и Сараево, кое заврши со поделба на бодовите (2:2), но во центарот на вниманието се најде снимателот на домашниот тим.

Гостите до 88. минута гостите имаа водство од 0:2, но во последните минути од средбата домашните фудбалери постигнаа два гола и предизвикаа еурфорија на трибините. Прво Харачиќ во 88 минута погоди за 1:2, а потоа во шестата минута од судиското надополнување цела „Грбавица“ скокна на нозе бидејќи Бекриќ постигна гол од слободен удар.

Голот предизвика лудница на трибините, а вистински хит на социјалните мрежи беше реакцијата на снимателот на Железничар, кој со гласни извици по голот трчаше по играчите и дојде до трибината каде фудбалерите го прославуваа голот со верните навивачи. Снимката од лудата прослава на камерманот може да ја видите ТУКА.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот