ВИДЕО | Камерите го фатија моментот кога Меган изјави што мисли за принцот Хари!

Фото: Профимедиа

Меган Маркл и принцот Хари блеснаа на првото појавување во јавноста по долго време.

Принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл оваа недела се појавија на црвениот тепих на свечената вечера по повод Денот на ветераните во музејот Интерпид во Њујорк, а вљубената двојка прошета  држејќи се за раце додека ги фотографираа.

„Секогаш сум горда на него“, им рече Меган на новинарите, мислејќи на својот сопруг Хари, пренесува „ЈуЕс магазин“.

Поранешниот кралски пар носеше елегантни креации, а Меган блескаше во црвен фустан. Детаљот кој ги привлече сите погледи беа и црвените булки кои ги имаа на облеката.

Megan Markl, Princ Hari

Фото: Профимедиа

Принцот Хари инаку служел во британската армија 10 години и го достигнал чинот капетан пред да се пензионира во 2015 година. За време на службата двапати бил во Авганистан.

Како што Меган го поддржува нејзиниот сопруг, така и тој ја поддржува неа. Пред неколку дена тој коментираше дека е грдо да се слушне терминот „Мегзит“, како што британските медиуми го нарекоа нивното заминување од Велика Британија во САД.

„Можеби луѓето го знаат тоа, а можеби и не, но терминот „Мегзит“ е мизогин. Тој истакна дека неговата сопруга, исто како и неговата мајка, починатата принцеза Дијана, беше на удар на таблоидите откако се омажила за него, а според него тоа било сосема погрешно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот