ВИДЕО | Каков срам за Хрватска

Фото: EPA-EFE/Noushad Thekkayil

Хакан Шукур, легендарниот турски фудбалер го осуди однесувањето на хрватската репрезентација за време на прославата по елиминацијата на Бразил. По пласманот во полуфиналето на Светското првенство, хрватскиот селектор Златко Далиќ објави видео на кое се гледа како неговиот тим слави со песната на хрватскиот националист Томпсон „Лепа ли си“.

Во видео клипот се слушаат играчите како го пеат текстот на песната „Херцег-Босно, срце посно…“. Реагираше, ни помалку ни повеќе, легендарниот турски фудбалер, стрелец на најбрзиот гол во историјата на Мундиалите, Хакан Шукур, кој на Твитер напиша:

„Јас сум со Босна и Херцеговина. Ова е неприфатливо. Каков срам за Хрватска“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот