ВИДЕО: Како Ламбе Алабаковски ја запали вратата од бугарскиот клуб во Битола

Видео од палењето на Клубот Иван Михајлов во Битола/Фото: Скриншот/Трибуна.мк

Македонскиот портал „Трибуна“ објави видео од палењето на бугарскиот културен клуб „Иван Михаилов“ во Битола кое потоа го пренесоа бугарските медиуми.

На видеото од безбедносни камери се гледа како пејачот Ламбе Алабаковски со маска на лицето во раните утрински часови на 4-ти јуни доаѓа туркајќи велосипед, ја поминува влезната врата на клубот Иван Михајлов, па се враќа со поголемо пластично шише и истура запалива течност пред влезот на клубот.

Клекнат потоа, се обидува да го потпали течноста, а кога тоа му успева и самиот се повредува по што бега од местото додека пламенот ја зафаќа влезната врата од објектот.

-Неколку дена по извршувањето на делото, тој се предал на полицијата во градот каде што неговиот брат работи на раководна позиција. Ламбе Алабаковски беше задржан само неколку дена, а потоа пуштен на слобода. За време на антиевропските протести на крајот на јуни тој беше меѓу „главните ѕвезди“. На еден од протестите се качи на бината и ги запали договорите со Бугарија и Грција, пишуваат бугарските медиуми покрај ова видео.

Тие потсетуваат дека деновиве членови на Комисијата за спречување на дискриминација, постапувајќи по пријава извршиле преглед во културниот клуб Иван Михајлов, која пак се одвиваше под надзор на бугарскиот конзул, што од Комисијата го сметаат за притисок врз нивната работа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот