ВИДЕО: Јужниот руски град Воронеж прогласи вонредна состојба откако дрон удри во станбена зграда

Беспилотно летало удри денеска во станбена зграда во јужниот руски град Воронеж, што истражителите го нарекоа „терористички чин“ во интерес на Украина, поради што регионалниот гувернер нареди вонредна состојба.
Тројца луѓе се полесно повредени во, како што тврди регионалниот гувернер Александар Гушев, терористичката и диверзантска акција.
Video from the drone strike in Voronezh pic.twitter.com/gUObljPARt
— Markus Kraus (@MarkusKraus6) June 9, 2023
Рускиот државен истражен комитет, кој се справува со тешки злосторства, соопшти дека отворил кривично дело против „лица кои дејствуваат во интерес на воено-политичкото раководство на Украина“.