ВИДЕО: Јокиќ со мечот на кариерата, НБА лигата ова го чекаше 54 години

Никола Јокиќ („Денвер нагетс“)/фото: EPA-EFE/JIM LO SCALZO

Играчот на Денвер нагетс, Никола Јокиќ повторно испиша историја во најсилната кошаркарска лига на светот, НБА. Српскиот ас го предводеше Денвер нагетс до победа од 119:115 над Шарлот хорнетс, настап за кој долго ќе се зборува.

Јокиќ мечот го заврши со 40 поени и неверојатни 27 скока што е рекорд во кариерата и 10 асистенции. На теренот помина 40 минути, а за тоа време од поле стрелаше 13-26 (2-4 за три поени) и 12-17 од линијата за слободни фрлања.

За него ова е петти трипл-дабл сезонава, но овој не е „обичен“. Вакво нешто не е видено од 1968 година.

По 54 години, Јокиќ е првиот играч по Вилт Чембрлен кој забележал најмалку 35 поени, 25 скока и 10 асистенции на еден натпревар.

Воедно, тој е само третиот во историјата на НБА заедно со Елџин Бејлор, со тоа што Чембрлен успеал да го направи истото седум пати.

НБА лига, резултати –

Детроит пистонс – Брукли нетс 121:124
Торонто репторс – Голден Стејт вориорс 110:126
Минесота тимбервулвс – Чикаго булс 150:126
Денвер нагетс – Шарлот хорнетс 119:115
Лос Анџелес лејкерс – Вашингтон визардс 119:117

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот