ВИДЕО: Јокиќ со историски трипл-дабл во победата на Денвер

Никола Јокиќ („Денвер нагетс“)/фото: EPA-EFE/JIM LO SCALZO

Кошаркарите на Денвер во НБА лигата го победија тимот на Портланд со резултат 122:113, со уште една извонредна партија на Никола Јокиќ, кој го забележа својот 13 трипл-дабл учинок сезонава.

Денвер на својот терен во Колорадо ја забележа седмата последователна победа во НБА лигата, која заедно со Мемфис Гризлис го одржува на првото место во Западната конференција.

За српскиот центар Јокиќ ова е 89 трипл-дабл во кариерата, што значи дека меѓу активните играчи повеќе имаат само Расел Вестбрук и Леброн Џејмс.

Играчот на Нагетси застана на 36 постигнати поени, 12 скокови и 10 асистенции, со импресивен проценти на шут – промаши само еднаш од поле (13/14) и еднаш од линијата за слободни фрлања (9/10).

Српскиот кошаркар влезе во историјата на НБА-лигата откако вторпат во кариерата забележа трипл-дабл со повеќе од 30 поени со 90 или повеќе отсто шут од игра, што пред него тоа го направи само уште легендарниот Вилт Чембрлен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот