ВИДЕО: Јокиќ држеше час по кошарка, најефикасен и против Њујорк никс во „Медисон“

Никола Јокиќ („Денвер нагетс“) запиша трипл-дабл учинок и против „џезерите“/Фото: EPA-EFE/ERIK S. LESSER

Лесно е кога Денвер во своите редови го има Никола Јокиќ, најдобриот играч на Нагетси доминираше синоќа во НБА лигата над Њујорк во „Медисон Сквер Гарден“ и практично сам ги победи Никси со резултат 113:99.

Најкорисниот играч во лигата (МВП) го заврши натпреварот со 32 поени, 11 скокови и пет асистенции. Србинот шутираше 14/19 од игра, реализираше три тројки од седум обиди.

Денвер веќе до полувремето постигна 60 поени, а пред влегувањето во последната четвртина, играчите на Мајл Мелоун стекнаа дури 21 кош разлика.

Јокиќ имаше помош од Зик Наџи со 21 поен и осум скокови, а во поразениот состав доминираше Џулијус Рендл со 24 поени, седум скокови и осум асистенции.

Во Западната конференција Денвер е на шестата позиција (11-11), додека Њујорк е на 11 место на Истокот (11-12).

НБА лига, резултати –

Њујорк никс – Денвер нагетс 99:113
Бруклин нетс – Чикаго булс 107:111
Милвоки бакс – Мајами хит 124:102
Далас маверикс – Мемфис гризлис 90:97
Голден Стејт вориорс – Сан Антонио спарс 107:112
Портланд Трејл блејзерс – Бостон селтикс 117:145
Сакраменто кингс – Лос Анџелес клиперс 104:99

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот