ВИДЕО: Јокиќ е трипл-дабл машина

Никола Јокиќ уште еднаш докажа зошто беше МВП за минатата сезона/ фото: EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO

Денвер нагетс го совладаа Сан Антонио со 121:119 , во натпревар на кој доминираше Никола Јокиќ остварувајќи нов трипл-дабл. Во осмата победа во низа за Денвер, Јокиќ имаше 26 поени, 13 скокови и 14 асистенции.
Денвер во текот на целиот натпревар беше во водство, едно време имаа и 18 поени разлика, но во последната четвртина, кошаркарите на Сан Антонио успеаја да се вратат и да дојдат на само еден поен негатива (120:119). Тогаш Мајкл Портер реализира едно слободно фрлање и го реши победникот иако Сан Антонио имаше три шанси да дојде до израмнување преку Џонсон, Мареј и Dерозан. Покрај Јокич, одлична партија одигра и Мајкл Портер со 22 поени, додека кај Сан Антонио се истакна Дерик Вајт со 25 поени.

Бредли Бил му донесе триумф на Вашингтон над Голден Стејт од 110:107 постигнувајќи шест поени во последните шест секунди. Иако имаше лоша шутерска вечер, сепак во финишот погоди тројка под прекршок, а во следниот напад повторно беше фаулиран и од линијата за слободни фрлања го постави конечниот резултат. Бил натпреварот го заврши со 20 поени, Руи Хачимура даде 22, а Расел Вестбрук дојде до трипл-дабл од 19 поени, 14 скокови и 14 асистенции.

Шарлот со 127:119 го совлада ослабениот Милвоки кој четврти натпревар игра без Јанис Адетокумпо, а повредени се и Џру Холидеј и Крис Мидлтон, Донте Дивиченцо, Пи Џеј Такер и Брук Лопез.
На Шарлот не му претставуваше проблем да доојде до победата против десеткуваниот Милвоки, а најзабележителен беше Мајл Бриџис со 26 поени, додека кај поразениот тим се истакна Џордан Нвора со 24 поени.

Њу Орлеанс предводен од одличниот Зајон Вилијамсон ја совлада Филаделфија со 101:94. Кошаркарите на Њу Орлеанс во третата четвртина успеаја да дојдат до двоцифрена предност и водството не го испуштија до крајот на средата. Одлична партија имаше Зајон Вилијамсон со 37 поени и 15 скокови, од кои 14 даде по последната четвртина.

Резултати:
Орландо – Индијана 106;111
Бостон – Минесота 145:136 (прод)
Њујорк – Мемфис 133:129 (прод)
Атланта – Чикаго 120:108
Њу Орлеанс – Филаделфија 101:94
Денвер – Сан Антонио 121:119
Милвоки – Шарлот 119:127
Голден Стејт – Вашингтон 107:110
ЛА Клиперс – Хјустон 126:109

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот