ВИДЕО: Јокиќ броеше до 47, Кари и Крис Пол со мечеви за историја!

epa07583288 Golden State Warriors guard Steph Curry (R) in action against Portland Trail Blazers guard Seth Curry (L) during the NBA Western Conference Playoff Finals game three between the Golden State Warriors and the Portland Trail Blazers at the Moda Center in Portland, Oregon, USA, 18 May 2019. EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO SHUTTERSTOCK OUT

Во еден интересен натпревар Денвер Нагетс на домашен терен по две одиграни продолженија го совлада Мемфис со резултат 139:137. После 48 минути беше 116:116.

Уште една одлична партија имаше Никола Јокиќ, српскиот центар за 45 минути игра на паркетот запиша 47 поени, 15 скока, осум асистенции и една блокада.

Кај неговите тимски колеги Бартон имаше 28, а Портер 21 кош. На спротивната страна за Гризлис доминираше Морант со 36 поени и 12 асистенции, следен од Мелтон со 25 и Ален 24 поени.

Стеф Кари 11 пат по ред забележа повеќе од 30 поени, и тоа дури 49 во победата на Голден Стејт против Филаделфија, реализираше 10 тројки. (на последните пет мечеви по ред, 53 поени – 10 тројки, 42 поени – 11 тројки, 33 поени – 11 тројки, 47 поени – 11 тројки и сега 49 поени – 11 тројки). Само во оваа сезона тој одигра шест натпревари на кои реализираше барем 10 тројки, а никој во НБА историјата никој немал повеќе од пет такви настапи.

И Крис Пол имаше историска вечер, во драматичниот триумф на Феникс против Милвоки (128:127) после едно продолжение, ветеранот покрај 22 поени и седум скока, додаде и 13 асистенции и така од „вечната листа“ на најдобри асистенти го престигна легендарниот Меџик Џонсон на петтата позиција.

Пол истовремено е петтопласиран на сите времиња и по „украдени“ топки, па така им се придружи на Џон Стоктон (водечки на двете листи) и Џејсон Кид (втор на двете листи) како и уште дека е единствениот во Топ 5 во тие две статистички категории откако постои НБА лигата.

НБА лига, резултати –

Детроит – Кливленд 109:105
Бостон – Чикаго 96:102
Филаделфија – Голден Стејт 96:107
Индијана – Сан Антонио 94:109
Мајами – Хјустон 113:91
Милвоки – Феникс 127:128 (по 1 продолжение)
Вашингтон – Оклахома 119:107
Денвер – Мемфис 139:137 (по 2 продолженија)
Лос Анџелес Лејкерс – Јута 97:111

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот